Живот
21. December 2015 - 14:25

И понатаму заљубени: Стефани и Ѓорѓе со поранешните станари од ГБ во Загреб

 
Станарите на Големиот Брат не чекаа многу за повторно да се видат. Барбара, Тина, Стефани, Ѓорѓе и Хорват се дружеа во Загреб.
 
Големиот Брат заврши на 12-ти декември, а на станарите им требаше само една недела за да почнат да си недостигаат еден на друг.
 
Барбара и Тина на социјалните мрежи цело време објавуваат фотографии од родната Риека, Еврин веќе неколку дена се заблагодарува на подршката од публиката додека пак од Стефани и Ѓорѓе до сега нема ни збор.
 
Хорват кој за кратко време се спријатели со станарите, на својот профил на Фејсбук објави фотографии со станарите од олемиот Брат, а очигледно дека продолжиле до Загреб.
 
- Само што се изгушкавме - напишал Хорват пред една од фотографиите, на кои позира со Ѓорѓе и Стефани, кои и понатаму се среќно заљубени.