И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи
Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од над 11.000, како многу сериозна.
„Во меѓувреме, ситуацијата стана многу сериозна“, рече директорот на институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер на прес-конференција, откако беше објавена бројката од 11.287 новозарзени во последните 24 часа. Тоа е најголемиот број на новоинфицирани за еден ден од почетокот на пандемијата.
Вилер сепак оцени дека е можно да се спречи уште посилно ширење на вирусот.
„Во моментов, сè уште имаме шанса да го забавиме понатамошното ширење на вирусот“, истакна тој. Според него, повеќето од новозаразените во овој есенски бран на пандемијата се поврзани со приватни прослави и собири.
„Насекаде каде има многу разговор и смеа на мал простор постои опасност од брзо ширење на инфекцијата“, рече Вилер.
Во исто време, можноста за инфекција во јавниот превоз и хотелите ја оцени како релативно ниска.
Директорот на епидемиолошкиот институт не гледа потреба да се менува сегашната стратегија за борба против ширењето на вирусот во Германија, која се заснова на хигиенски мерки, носење маски и одржување на растојание.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје