Свет
8. February 2020 - 22:04

И натаму трае потрагата по напаѓачот на Тајланд

Сè уште трае потрагата по тајландскиот војник кој уби најмалку 20 лица и влезе во трговски центар „Терминал 21“ во градот Корат, каде се претпоставува дека држи најмалку 16 заложници.

Полицијата и војската претходно упаднаа во тајландскиот трговски центар. Портпаролот на тајландското Министерство за одбрана соопшти дека безбедносните сили им помогнале на стотици лица да побегнат од објектот, но засега не е познато уште колку луѓе има во тој шопинг центарот во Корат. Портпаролот потврди дека напаѓачот сè уште е во трговскиот центар „Терминал 21“.

Во меѓувреме е објавена уште една снимка од упадот на тајландските безбедносни сили.

Напаѓачот, идентификуван како Јакрапант Тома, пукал по цивили во Корат, а потоа влегол во трговски центар каде зел како заложници 16 лица. Војникот, кој по ранг е помлад офицер, прво го убил својот надреден во воен кампус во провинцијата Након Ратчасима, по што украл воено возило Хамер, со кое се превезол до блискиот град Корат каде отворил оган кон цивилите.