Македонија
9. August 2016 - 14:23

Сканија со приколка прегази старица во Тетово

На крстосницата од улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“ во Тетово вчера во 12:25 часот се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Сканија“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(50) од Велес, удрило во пешакот Н.З. (65) од Тетово. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.З. која со екипа на Итната медицинска помош била пренесена во Клинички центар Тетово од каде поради сериозноста на повредите како итен случај била препратена во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.