-->
-->
И ги посвети сите песни кои ги напиша: Ова е жената која Бајага ја сака 36 години
-->

Момчило и Емилија се во брак од 1989 г., а пред тоа 7 години живееле заедно. Она што е многу интересно е начинот на кој тие двајца се запознале – тоа се случило во автобус.
– Ема живееше во Земун, а се запознавме во автобус. Во автобусот првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека во недела не излегува. Мене тоа ми беше како ладен туш, бидејќи не ми звучеше логично… Тогаш јас не поставив дополнително прашање, се чувствував утепано. Дури по неколку месеци почнавме да излегуваме, истакнува Бајага во интервју за Новости.
Како што признава тој, сите песни и ги посветил на Ема на која воопшто не и бил лесен товар неговата слава.

– Врската како врска никогаш немаше искушенија, но на Ема не и беше лесно. Кога си јавна личност, секакви работи се појавуваат во медиумите за тебе. Ема навистина добро ги поднесе , посебни првите години од кога почнавме да се забавуваме, кои беа најлуди години. Ние не можевме да одиме на летување некаде каде што одат сите. Каде и да одевме сите зјапаа во нас. Тоа веројатно им беше интересно. Јас не сум од тие типови кои главна фора им беше да зборуваат дека немаат девојка, јас тоа не го сакав. Тоа е најглупаво да го кажуваш, за да трчаат девојки по тебе. Луѓето треба да те сакаат поради музиката. Да не правев добри песни, немаше да ме сакаат, искрено раскажува Бајага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти