И денеска забрана за движење од 16 часот
Забраната за движење на населението и денеска почнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро. Забраната за движење во викенд е согласно одлуката на Владата што се применува од минатата недела. Полицискиот час во текот на работните денови почнува од 21 часот, а за возрасните лица секој ден од 11 часот, децата до 18 години имаа ограничено движење од 12 часот.
Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се приспособат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
Од забраната се изземени земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Другите земјоделци, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за дозвола.
Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб, работниците во време на забраната за движење ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа.
Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.
Одлуката Владата ја донесе на својата 28-ма седница, одржана на 25 март, во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19. Ова е втор викенд во кој се применува.
Ново на Сител
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања
-
Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада