Џет-Сет
2. November 2017 - 23:07

И Дастин Хофман и Брет Ретнер обвинувани за сексуално вознемирување

Признанијата и исповедите за сексуално вознемирување ги опфатија и глумецот Дастин Хофман и режисерот Брет Ратнер.

Глумицата Ана Грејм Хантер тврди дека оскаровецот Хофман (80) сексуално ја вознемирувал во 1985, кога таа имала 17 години, а тој - 48. За „Холивуд Рипортер“ таа вели дека на снимањето на филмот „Смрт на трговскиот патник" Хофман ја допирал и „и зборувал за секс".

Хофман кусо потоа се извини за „што и да и има сторено, а што можело да ја стави во непријатна ситуација", додавајќи дека настанот него самиот „не го прикажува во вистинското светло".

Освен тоа, шест жени, меѓу кои и глумицата Оливија Мун, во денешниот „Лос Анџелес Тајмс“ го обвинија режисерот Брет Ратнер, повторно - за сексуално вознемирување и непристојно однесување.