„Хуриет“: Турски воени лица обвинети за обидот за преврат, учествуваат во борбите против ИД
Воени лица, кои вчера требаше да се јават на суд по обвиненијата за учеството во обидот за преврат во Турција во јули, се дел од операцијата на турската Армија против Исламска држава во сирискиот град Ал Баб, објави денеска турски „Хуриет".
Вкупно 28 офицери и 34 војници требаше вчера да се појават во судот, поради обвиненијата за „непочитување на Уставот и обид за укинување на Парламентот и Републиката". Некои од нив се товарат и за членство или потпомагање на терористичка организација, а обвинителите бараат казни од 5-10 години до доживотен затвор.
Дел од обвинетите, коишто во тој момент не биле во притвор, не ни биле повикани во судот, но биле испратени во Ал Баб каде турската армија и нивните сојузници водат борба против ИД.
Судот во Истанбул инаку, го прифати обвинителниот акт по делото.
Ново на Сител
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот