Хунтата во Мјанмар ослободи повеќе од 9.600 затвореници
Мјанмарската хунта денеска амнестира над 9. 652 затвореници, се наведува во соопштението на радиодифузерот поддржан од војската, пренесе ДПА.
Ослободувањето на затворениците се случува на 76-годишнината од независноста на земјата од Обединетото Кралство.
Според соопштението на војската, во амнестијата се опфатени околу 114 странски затвореници, кои, како што се објаснува, се ослободени за да одржуваат пријателски односи со други земји.
Но, додава ДПА, деталите за ослободените странски затвореници останаа непознати. Не се познати ниту деталите за ослободените политички затвореници.
Членови на нивните семејства чекаа пред затворот Инсеин, најозлогласениот затвор во земјата. -Повеќе од 20 автобуси веќе влегоа во затворот.
Повеќе од 700 луѓе чекаат пред затворот додека ја слушнаа веста за амнестија, изјави за ДПА член на семејство на затореник.
Според Здружението за помош за политички затвореници (AAPP), хуманитарна организација во Мјанмар, војската во изминатите две години приведе над 25. 730 лица, а речиси 20. 000 се уште се во притвор.
Од преземањето на власта воената хунта во Мјанмар уби најмалку 4. 277 лица, додава ДПА.
Ново на Сител
-
Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци поради американските санкции за рускиот енергетски сектор
-
Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, ЦУК интервенира
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Груби
-
Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин
-
ЕК ги отфрли обвинувањата на Марк Цукерберг за цензура на социјалните мрежи
-
Со „опел“ удрил во столб на патарина Сопот, двајца повредени