Хуманитарна акција на МНТ за за поплавените подрачја
Македонскиот народен театар во петок ја почнува хуманитарната акција „МНТ - театар на хуманоста и солидарноста“ со која се вклучува во активностите за помош на поплавените подрачја во скопскиот регион.
Директорот на МНТ, Дејан Пројковски денеска најави дека хуманитарната акција започнува со изведбата на стендап комедијата на Сашко Коцев по што во понеделник на сцената ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“. Во вторник на програмата е „Сомнително лице“, во среда „Свадбата на Фигаро“, на 12 септември „Брачна игра“, а на 17 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Прекината одисеја“ која е во копродукција со Театарот во Полска.
- Македонскиот народен театар секогаш се труди да биде театар на сите граѓани и ова е почетокот на акцијата, рече Пројковски.
Уметничкиот директор Тони Михајловски изрази надеж дека со оваа акција ќе им помогнат на граѓаните кои беа поплавени од невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.
- Се надеваме дека со овој наш мал гест ќе им помогнеме на оние луѓе на кои животот им се помести од основната оска, да се вратат во нормалата на живеење, рече Михајловски.
Актерот Сашко Коцев со чија стендап комедија започнува хуманитарната акција ги повика сите заинтересирани граѓани да дојдат во театарот и заедно да помогнат за поплавените подрачја.
Ново на Сител
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени пет лица мигранти
-
Гутереш го повика Хамас да продолжи со ослободување на заложниците
-
Во престрелката во Чаир учествувале повеќе лица, обезбедени се и снимки од видео надзор
-
Ова е убиениот 35-годишник вчера во Чаир, син на поранешен функционер на ДУИ
-
Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат, детали за убиството во Чаир
-
Пад од два поени на Индексот на перцепција на корупцијата 2024
-
ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште