Хрватски „Кончар“ се враќа на македонскиот пазар
Хрватски „Кончар“ по подолга пауза се враќа на македонскиот пазар. Во Македонија во минатото во многу објекти и во транспортот има вградено многу негови производи, веќе учествува на повеќе објавени тендери, а доби охрабрување да се вклучи и во тендерите што ќе следат во иднина во енергетскиот сектор.
- „Кончар“ го чувствуваме како наша фирма. Имаме многу опрема вградено од нив во Република Македонија. Во последните 10 години не беше многу присутен во Македонија и сметаме дека оваа денешна средба во Скопје ќе биде основа за зголемување на соработката, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната презентација на „Кончар“.
Анѓушев потенцира дека верува во регионалната соработка и истакна дека прво сите треба да соработуваме во регионот, а потоа со целиот свет, бидејќи, како што рече, ние во регионот ги знаеме нашите потреби кои не настанале денеска, туку постојат од претходно.
- Ние во регионот го познаваме нашиот менталитет, се разбирме, немаме јазични бариери и мислам се се тоа предности за таа соработка да биде поголема и поуспешна, рече Анѓушев.
Посочи дека „Кончар“ во моментов учествува на повеќе објавени тендери на јавни и државни претпријатија. Потенцира дека државата ќе направи еден голем проект во енергетиката, а останатото ќе го остави на приватните инвеститори во преносниот систем, како реконструкција на трафостаници и неколку далекуводи. Тој го охрабри „Кончар“ да учествува на тендерите што ќе се објават за тие активности, а во останатиот дел од енергетиката, посочи дека го оставаат просторот на приватните инвеститори.
Претседателот на Управниот одбор на „Коначар“ Даринко Баго посочи дека целта на нивното враќање во Македонија не е само да продаваат производи, туку да дојдат и да најдат партнери.
- Работевме во Битола и во Скопје, низа електрани и локомотиви се производ на „Кончар“, рече Баго и додаде дека сега фирмата има промет од 400 милиони евра и оти над 60 проценти е извоз.
Амбасадорката на Република Хрватска во Македонија Данијела Баришиќ очекува дека соработката ќе биде успешна, посочувајќи дека новата Влада во Македонија е посветена на стопанството и оти сигурно „Кончар“ ќе има што да покаже и да понуди.
Ново на Сител
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ
-
Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани
-
СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
-
Како се вршат проверките за безбедност во станбените згради?
-
Нема да се затвораат училишта и градинки, властите проверуваат дали се опремени со ПП апарати
-
Пластични хирурзи апелираат за мелемите за изгореници кои се нудат на социјалните мрежи – не знаеме дали се стерилни!
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик Ток доби кривична пријава