Балкан
26. February 2023 - 10:05

Хрватска: Aвтобус со албански регистарски таблички се преврте, едно лице загина, неколкумина се повредени

Едно лице го загубило животот, додека неколкумина се повредени откако автобус со албански регистарски таблички се превртел на автопат во Хрватска.

- Несреќата се случила на автопатот А-1, во правец на север, кај клучката Бриње, синоќа во 23 часот и 43 минути, кога автобусот со албански регистерски таблички удрил во ограда и се превртел на левата страна, јавија албанските медиуми повикувајќи се на хрватската полиција.

Во моментот на несреќата во автобусот имало девет патници и возачот. Автобусот го управувал 58-годишен албански државјанин.

На повредените им била пружена лекарска помош во болниците во Карловац и Огулин.