Хрватска: 35 ранети и повредени во нападот на навивачи на полицијата
– Во судирот меѓу хрватската полиција и навивачите на фудбалскиот клуб „Хајдук“ од Сплит синоќа биле ранети или повредени 15 навивачи и 20 полицајци, но никој не е животно загрозен, соопшти денеска загрепската полиција.
Полицијата денеска пред новинарите во Загреб ги соопшти деталите за инцидентот што се случи синоќа, кога неколку стотици навивачи од следената колона ненадејно застанаа на автопатот А1 кај одмориштето Дешинец меѓу Загреб и Карловац.
Тоа ги нападнале 16-те полицајци кои биле таму, и тоа со палки, шишиња, синџири, камења, противпожарни апарати, столици, а фрлиле и запален факел во близина на бензинската пумпа.
Заменик генералниот директор на полицијата Дамир Бариќ изјави дека немало индиции дека ќе дојде до напад и посочи дека можело да има пожар и експлозија на бензинската пумпа.
Напаѓачите не се смириле по наредба на полицијата, пао што полициските службеници употребиле огнено оружје: двајца полицајци пукале во воздух, а третиот испукал осум истрели во воздух, а потоа 11 во бетонска површина. Тогаш, како што било проценето, најверојатно се ранети двајца млади напаѓачи, чии животи не се во животна опасност.
На денешната прес-конференција беше посочено дека полицајците употребиле огнено оружје бидејќи им биле загрозени нивните животи, но и животите на луѓето кои биле на бензинската пумпа.
Според новите податоци, уште двајца напаѓачи имаат прострелни рани, а подоцна сами побарале помош во сплитската болница, но раните не се тешки.
Уапсени се 43 напаѓачи, меѓу кои еден малолетник и 11 млади полнолетни.
Инцидентот се случи по дербито меѓу фудбалскиот клуб „Динамо“ од Загреб и „Хајдук“ од Сплит.
Ново на Сител
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри