Христолуидис: Поддршка од Кипар за европската перспектива на Македонија
Поддршка за европската перспектива на Македонија и надеж дека во следните седмици ќе има добри вести, изрази министерот за надворешни работи на Кипар Никос Христодулидис, за време на Делфи економскиот форум во Атина, говорејќи на панел заедно со вицепремиерот Никола Димитров и алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.
-Можеби сме мала земја-членка но на крајот на денот имаме глас исто како и Германија, Франција и поголемите земји-членки на Европската Унија и секако се брои гласот на Кипар. Јас сум многу загрижен дека како Европска Унија го губиме кредибилитетот на Балканот, зборуваме за геополитичка Европска Унија, но споредено со другите геополитички актери, гледаме дека ја губиме играта. Затоа се надевам дека во следните седмици ќе биде можно да имаме позитивни вести во однос на Македонија, но и општо за регионот, рече Христодулидис.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта