Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
Во штипската Клиничка болница е примен 56-годишен пациент од Виница, по сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Кочани меѓу пробиштипска клучка и спанчевска крстосница.
Од Клиничка болница-Штип велат дека во тек се испитувања и снимање на пациентот, кој е хоспитализиран кај нив.
Од Секторот за внатрешни работи од Штип информираат дека околу 13 часот во Полициската станица Кочани било пријавено оти на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки и товарно возило сопственост на Армијата на РСМ.
Притоа, пет лица се здобиле со повреди, од кои четири се пренесени во болницата во Кочани и едно во Клиничката болница Штип, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Во писменото соопштение на СВР-Штип се наведува дека увидот е во тек.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот