Хорор во Скопје - Сопругот и забил нож во грб пред малолетните деца
Вчера околу 18,20 часот, во Скопје, во куќа на ул. “Гвадалахара“, сопственост на С.Х.(65), а во која привремено престојувала С.Б.(23) од Скопје со нејзините три малолетни деца, дошол нејзиниот сопруг Р.Б.(26) и по кратка семејна расправија тој со нож и нанел убодна рана во пределот на грбот. Откако С.Б. успеала да избега во дворот, истиот ја соборил на земја и и задал повеќе убодни рани во страничниот дел од телото и во градниот кош. С.Б. е пренесена во Ургентен Центар Скопје, каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на КАРИЛ за понатамошно лекување, а увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје. Од страна на полициски службеници Р.Б. е лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста