Хорор во БиХ: Девојка ја грабнале, ја затвориле и ја силувале со денови
Зеничанката А.Л. преживеала вистински хорор кога на почетокот на месецот во стан во Добој прво ја затвориле, а потоа ја силувале со денови двајца жители на Добој Б.М. и З.Ш.
Оштетената под се уште неразјаснети околности, успеа некако на 1.септември да ги повика припадниците на Полициската урава на Добој и да пријави дека е заробена.
Според наводите од пријавата, Б.М. и З.Ш. во изминатиот период физички и сексуално ја злоставувале.
Како што потврди полицијата од Добој, полицајците по пријавата на шокантниот случај излегле на терен, па му тропнале на вратата која ја користел пријавениот Б.М.
-Во станот се затекнати Б.М., А.Л. која го пријавила случајот како и уште едно лице со иницијали З.Ш. Во станот потоа е извршен претрес. Во таа прилика се пронајдени предмети и докази за кривично дело недозволено производство и промет со опојни дроги. Истиот ден полицијата ги уапси осомничените.
Полицијата која се уште врши истага не соопшти дали заробената жена е силувана.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење