Хорор сообраќајка на патот Јажинце - Тетово, тетовец излетал со возилото
Н.Ј.(51) од Тетово е тешко повреден откако возилото со кое управувал, се превртело, соопшти СВР. Несреќта се случила денеска во 13 часот и 10 минути на регионалниот пат Јажинце - Тетово во месноста Беловишка кривина.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, Н.Ј. од засега неутврдени причини загубил контрола врз возилото Фолксваген Поло, по што тоа излетало од коловозот, неколу пати се превртело и застанало странично.
Од автомобилот паднале термо-печка и други предмети што возачот ги превезувал, а го нагмечиле по главата и телото поради што морала да интервенира и екипа на противпожарната единица од Тетово која со сечење на возилото го извадила надвор.
Поради сериозноста на повредите, Н.Ј. е префрлен на скопските клиники.
Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот. Материјалната штета се проценува на околу 80.000 денари.
Ново на Сител
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга