Хорор на скопските улици: Во продолжениот викенд 17 граѓани завршија во болница
Седумнаесет лица се полесно повредени во 14 од 28 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на девет сообраќајни незгоди, од кои во шест со полесни повреди се здобиле шест лица.
Девет сообраќајки имало и во саботата, при што во четири полесно се повредени четири лица, а во останатите е причинета материјална штета.
Од три евидентирани сообраќајки во неделата, во една со полесни повреди се здобило едно лице, а од седум сообраќајни незгоди вчера во три полесно се повредени шест лица.
Во текот на изминатите четири дена сообраќајната полиција открила поголем број прекршоци. Преземни се мерки за 208 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на движење на возилата, 18 се исклучени од сообраќај, бидејќи возеле под дејство на алкохол, шест поминале на црвено светло на семафор, 14 не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон, 52 без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 79 за непрописно паркирани возила.
Санкционирани се и 18 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем на глава.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 85 возила.
Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во објектот „Бамби“ на градинка „Срничка“ во општина Аеродром, со децата од средна и голема група.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45