Хорор: 13-годишна Израелка убиена од Палестинец во својата спална соба
Една 13-годишна Израелка била нападната со нож и убиена во својата спална соба, соопштија воените власти во Ерусалим.
Халел Јафа Ариел била убиена додека спиела во семејната куќа , во еврејската населба во Киријат Арба, на Западниот Брег.
Еден од луѓето кои се грижат за сигурноста и за обезбедувањето на населбата е повреден додека интервенирал да се фати напаѓачот кој потоа бил убиен од другите чуварите.
Според палестинското Министерство за здравство, убиениот Палестинец е 19-годишниот Мохамед Тараерех, од блиското село Бани Наим.
Вкупно 34 Израелци се убиени досега, во напади со нож, со огнено оружје или од автомобили во движење, од октомври 2015 година.
Повеќе од 200 Палестинци, главно млади луѓе, се убиени во истото ова време. Израелските власти тврдат дека најголемиот број од убиените биле напаѓачите.
Израелските медиуми пишуваат дека 13-годишното девејче било неколкупати избодено во горниот дел од телото. Тинејџерката била префрлена во болницата во Ерусалим, каде набргу починала.
Израелската војска подоцна го блокира селото Бани Наим и почна со подготовка за уривање на куќата во која живеел младиот убиец, што е вообичаена процедура на војската по ваквите напади.
Ново на Сител
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 април со сведочење на Палевски
-
Олуките за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница на државата и на КПД Идризово поминаа на Комисијата за одбрана
-
Зеленски: Украина досега доби вкупно 100 милијарди долари помош од САД
-
Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане
-
Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи
-
Палевски: Заминав во Турција за да докажам дека Гоце Делчев бил убиен од врховистите, а не турски аскер
-
Венко Крстевски избран за в.д градоначалник на Општина Кочани
-
Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени