Холандија постигна спогодба со Албанија за враќање на отфрлените албански кандидати за азил
Холандското Министерство за правда соопшти дека постигнало спогодба со Албанија, со која се отвара патот Холандија побрзо да ги враќа во нивната татковина Албанците, чии барања за азил се одбиени.
Согласно спогодбата Холандија може да ги смести отфрлените лица, кои доброволно не сакаат да се вратат во родната земја, на специјални владини летови до Албанија.
Министерството нагласи дека Холандија повеќе не зависи од трговските авиолинии и големите групи бегалци можат заедно да бидат враќани во нивната земја.
Спогодбата беше постигната во момент на драстично зголемување на бројот на Албанците, кои бараат азил во Холандија, над 750 во изминатите четири месеци.
Холандските власти не дадоа азил на ниту еден Албанец минатата година, а барање за азил поднеле над илјада Албанци.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп