Хилари Клинтон ги обвини македонските портали за нејзиниот изборен пораз
Хилари Клинтон изјави дека ширењето негативни вести за неа од страна на интернет портали од Македонија влијаело на нејзиниот пораз на изборите во ноември. На настан во Калифорнија, Клинтон зборуваше за причините за неочекуваниот пораз во изборната кампања во која беше соочена со обвинувања дека била корумпирана со донации од странски држави и компании, што беше потврдено со објавените хакирани интернет пораки. Клинтон изјави дека хакери од Русија ги пробиле нејзините интернет пораки и потоа ги ширеле преку интернет портали регистрирани во Македонија.
- Русите се почесто вршат сајбер напади и крадат големи количества информации кои потоа ги користат за да влијаат на пазарите, на безбедносните служби и така натаму. Овојпат тие решија да нападнат јавно и да ги користат информациите како оружје. Објавуваа разноразни приказни, преку некои момци во Македонија кои држат портали за лажни вести кои се направени да изгледаат како да се ефтина верзија на Си-ен-ен или на лажен весник. Тоа беа лажни вести. Спротивната страна користеше содржини кои беа лажни и ги дистрибуираа на начин кој претставуваше личен напад, изјави Клинтон.
Уште пред изборите во САД, медиуми како Базфид објавија дека вестите објавени на портали регистрирани во Македонија може да влијаат на исходот на изборната трка, а по поразот на Клинтон, ова обвинување го изнесе и претседателот во заминување Барак Обама. Претседателот Доналд Трамп, пак, ја обвини Клинтон дека била неспособна во водењето на својата кампања и смета дека со промовирањето на теоријата дека изборите биле нелегитимни, Клинтон и Демократската Партија се обидуваат да го делегитимираат неговиот избор.
Ново на Сител
-
Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово
-
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-
Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате
-
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово