Хезболах негира дека го извршил нападот врз фудбалско игралиште, ИДФ го демантира
Хезболах издаде соопштение во кое негира дека лансирал ракети врз Мајдал Шамс, во напад во кој загинаа најмалку 10 цивили, повеќето деца.
Терористичката група вели дека „воопшто нема врска со инцидентот и категорично ги негира сите лажни наводи“.
Хезболах претходно соопшти дека лансирал десетици ракети врз воена база во Голанската висорамнина, во близина на Мајдал Шамс, пренесе Тајмс оф Израел.
Израелската армија веднаш потоа оцени дека Хезболах стои зад ракетниот оган и соопшти дека „по проценките извршени во ИДФ и разузнавачките информации што се достапни, ракетниот оган врз Мајдал Шамс го изврши терористичката група Хезболах“.
„Хезболах стои зад лансирањето на ракетата што го погоди фудбалскиот терен во Мајдал Шамс и предизвика многу цивилни жртви, вклучително и деца“, додаде израелската армија.
Ново на Сител
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања