Хелмут Кол бара ЕУ да не врши притисок врз Лондон
Поранешниот германски канцелар и архитект на реунификацијата на Германија, Хелмут Кол, бара Европската Унија да и даде време на Велика Британија да се соземе по референдумот за излегување од унијата.
Во изјава за весникот „Билд“ Кол, кој има 86 години, вели дека ЕУ треба да има повеќе почит за националните и регионалните идентитети во Европа и дека не треба да наметнува премногу стандарди на своите членки, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Весникот го парафразира Кол, според кого ќе биде огромна грешка доколку „ЕУ ја тресне вратата за Велика Британија“.
Според „Билд“, Кол бара мирно надминување на кризата без непотребна сила и омраза. Според него, сега е најважно Велика Британија сама да одлучи што сака во иднина.
Хелмут Кол беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година и заедно со неговиот француски колега Франсоа Митеран беа политичката сила за чекорите што ЕУ ги направи кон монетарна унија и економска интеграција, вклучувајќи го и воведувањето на еврото.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа