Хејли: Светот не може да биде заложник на Иран
Од Иран треба да се бара одговорност за лансирање на ракети, поддршка на тероризмот, за непочитување на човековите права и кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации, изјави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.
Нејзината изјава е одговор на иранскиот претседател Хасан Рохани кој вчера предупреди дека Иран може да се откаже од нуклеарниот договор постигнат со светските сили, ако САД продолжат да воведуваат нови санкции.
- Не може да му се дозволи на Иран да го користи нуклеарниот договор за да го држи светот во заложништво, истакна Хејли додавајќи дека новите американски санкции не се поврзани со иранската нуклеарна програма.
Хејли следната недела во Виена ќе разговара за нуклеарните акции на Иран со претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија, како дел од контролите на Вашингтон дали Техеран ги изполнува обврските од Договорот од 2015 година.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години