Харис: САД нема да испраќаат војници во Израел или Газа
Американската потпретседателка Камала Харис увери дека САД не планираат испраќање војска во Израел или во Газа.
– Апсолутно немаме намера, ниту планираме да испратиме борбени трупи во Израел или Газа“, изјави таа за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес.
Изјавата е потврда на претходниот коментар на портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби претходно овој месец дека САД „немаат намера да се стават американските чизми на копно“.
Харис, која е вклучена во брифинзи и телефонски повици за кризата на Блискиот Исток, го повтори ставотна администрацијата: Поддршка на правото на Израел да се брани, а истовремено повикува и на заштита на цивилите, пренесува Си-Ен-Ен.
– Според повеќето проценки, најмалку 1. 400 Израелци се мртви. Израел, без никаков сомнеж, има право да се бран“, рече таа.
– Но, исто така е многу е важно да нема конфлација меѓу Хамас и Палестинците.
Палестинците заслужуваат еднакви мерки на безбедност и сигурност, самоопределување и достоинство, а ние бевме многу јасни дека мора да се почитуваат правилата на војната и дека ќе има хуманитарна помош што е постојана, изјави потпретседателката на САД.
Ново на Сител
-
Повисоки плати и за медицинскиот персонал - Буџетот се полни добро
-
Запрена постапката за Универзална
-
Нова најава за гасификација, но без детали
-
Наредната недела почнува вакцинацијата против грип
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ прифати укинување на балансерот додека беше на власт
-
Љутков: Нелегално примопредавање на Универзална од Град Скопје на Министерството за култура
-
Заклетва на нова класа питомци во армијата
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче