-->
-->
Хари Мата Хари го разбесни Балканот - по изјавите за Тома Здравковиќ
-->

Имено, поедини медиуми објавиле наводни изјави на Хари Мата Хари и предизвикале бурни реакции во јавноста.
- Тома Здравковиќ не пееше добро, но имаше најдобри песни на сите времиња. Важно е што и како. Најважно е да се најде идентитет. Да се остави печат, наводно ова го рекол Хари.
Меѓутоа, пејачот, како што вели е шокиран поради лажните изјави, тој вели дека неговото мислње за покојниот пејач е сосема поинакво.
- Навистина луѓето си даваат за право да пишат тоа што ќе им падне на памет, никогаш не сум дал изјава за легендарниот Тома Здравковиќ а најмалку дека сум изјавил дека не бил квалитетен пејач. Сите растевме, сакавме, раскинувавме, тагувавме со неговите песни, беше добар пејач, одличен вокал, на многумина им остави аманет што и ден денеска учат од него и ако на жалост не е со нас.Овој пат сакам да ставам точка на сите натписи во врска со спорниот текст бидејќи јас сум почитувач на ликот и делото на Тома Здравковиќ, рекол Хари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Подобрена ситуацијата со пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина
-
Украина нареди евакуација на цивили од истокот на земјата, каде што руските трупи напредуваат
-
Волстрит џурнал: Трамп размислува за прекласификација на марихуаната во помалку опасна категорија дрога
-
Зеленски рече дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите
-
Во Нагасаки беше одбележана 80-годишнината од американскиот атомски напад
-
Претседателот на Собранието се очекува да ги распише локалните избори
-
Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август за да преговараат за крај на војната во Украина
-
Сончево и многу топло