Харадинај: Признавањето од страна на Белград нема врска со Заедницата на српските општини
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Заедницата на општинтие со мнозинско српско населениа ќе се формира согласно косовските закони, за што се залага и официјален Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај синоќа во интервју за РТК нагласи дека признавањето на Косово од Србија и формирањето на Заедницата се одвоени прашања.
- Тоа се одвоени прашања. Првото се случува во Косово и од страна на Косово. Заедницата е дело на Косово во согласност со косовскиот Устав и законите. Прашањето на меѓусебното признавање во случајов е билатерално прашање. И заедницата произлегува од дијалогот, но сепак е нешто што се случува само во Косово. Формирањето и спроведувањето е во Косово, додека меѓусебното признавање не имплицира нас, Србија и другите страни, рече Харадинај.
Ново на Сител
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи
-
Формиран Совет за управување со јавни финансии