Харадинај ја повика БиХ да го признае Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вчера ја повика Босна и Херцеговина да ја признае независноста на Косово.
Тој во честитка по повод Денот на Бошњаците, Харадинај рече дека е потребно Бошњаците од Косово да испратат порака до властите во Сараево дека е потребно да се преземат чекори за признавање на независноста на Косово.
БиХ не ја признава независноста на Косово поради противењето на политичарите кои ги претставуваат босанските Срби. Како прв чекор, Харадинај побарал двете земји да овозможат полесно движење на своите граѓани со меѓусебно признавање на патните документи.
Харадинај додава дека косовските Бошњаци имаат добри меѓусебни односи со косовските Албанци и другите заедници на Косово и се застапени со еден министер и тројца пратеници во Владата и во Собранието.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата