-->
-->
Харадинај: Границата на Косово кон Албанија повеќе не постои
-->
Косовската граница со Албанија повеќе не постои, рече косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
- Ми беше чест да учествувам во потпишувањето на договорот за воспоставување заеднички гранични точки меѓу Косово и Албанија, по принципот на ИБМ и нашиот заеднички европски пат“, напиша Харадинај на својот профил на Фејсбук.
Според него, косовската граница кон Албанија повеќе не постои.
„Ќе имаме само една заедничка станица. Работата ќе продолжи и во март влегуваме во втората фаза на целосна елиминација на границата меѓу Косово и Албанија, врз основа на принципите на Шенген“, пишува Харадинај, пренесе Зери.
Тој рече дека во интерес на Косово и Албанија е „да се зачува и да се унапреди билатералната соработка меѓу двете земји“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата