Хаос во Париз, повредени најмалку 65 лица, над 100 приведени
Во денешните судири во Париз помеѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“ поради зголемување на таксата за гориво повредени се најмалку 65 луѓе, од кои 11 полицајци.
Приведени се повеќе од сто демонстранти.
Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.
Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња.
Француските власти стравуваат дека приврзаници на ултра десницата и на левицата се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „жолти елеци“ кои протестираат поради зголемување на таксите на горивото.
Полицијата употреби солзавец и против „жолтите елеци“ пред Триумфална порта, кои фрлаа камења врз припадниците на безбедносните сили.
МИА
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг