Хаос во Хамбург: Горат автомобили, Меланија не може да излезе од хотел
Во германскиот град Хамбург продолжуваат нередите поради самитот Г20. Повредени се 159 полицајци, 45 луѓе се уапсени, пренесуваат германските медиуми.
Полицијата со водени топови се борела против бесната маса.
Исто така, демонстрантите кои се противат на глобализацијата денес го блокирале хотелот во кој се наоѓа првата дама на САД, Меланија Трамп, па таа не може да им се приклучи на сопругите на другите лидери на Г20 и сопругот на германската канцеларка во дружењето на маргините на самитот, пренесува AP.
Агенцијата наведува дека портпаролката на Меланија, Стефани Гришам, соопштила дека хамбуршката полиција не успеала да го расчисти патот за сопругата на американскиот претседател, која е сместена во хотелот за гости на германската влада.
По вчерашните протести и судири со насилните демонстранти, демонстрациите продолжиле и утрово во околу 7 часот, со цел да се поремети доаѓањето на делегациите на официјалното отворање на самитот, пишува France Presse.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал