Хант: Ова е историски момент за Македонија
Британскиот министер за надоврешни работи Џереми Хант го поздрави усвојувањето на уставните измени од страна на македонскиот Парламент и го оцени како историски резултат.
-Денес Парламентот на Македонија гласаше за поддршка на уставните измени со цел спроведување на Договорот од Преспа. Се надеваме дека Договорот ќе биде ратификуван од грчкиот парламент. Со ова се става крај на долгодишниот спор меѓу двете земји и и се отвора патот на Македонија да напредува кон членството во ЕУ и НАТО, посочи Хант.
Обединетото Кралство, додаде, силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа.
-Ова е историски момент за Македонија. Ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница. Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината, порача Хант
Ново на Сител
-
Шест студенти се удавија во рудник во Кина
-
Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели
-
ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс