Хамилтон: Целиме кон второто место во поредокот за конструктори
Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги сумираше впечатоците од настапот на Големата награда на Белгија и зборуваше за целите на тимот во вториот дел од сезоната.
– Не знам колку време и како останатите тимови ќе работат на развојот на своите болиди во втората половина од сезоната, но дефинитивно ќе има одреден напредок. Не знам точно што се случи со нас и дали Мекларен навистина направи чекор назад сега, но сигурен сум дека тие ќе бидат повторно силни на следните трки. Како и да е, во втората половина од сезоната јасно ќе се натпреваруваме со Ферари и со други тимови за второто место во конкуренција на конструктори. Како резултат на тркачкиот викенд во Белгија, можеме да преземеме многу позитивни работи. И со нетрпение очекуваме да продолжиме, бидејќи на последните трки се чувствуваме како да ја стигнуваме конкуренцијата. И јас сум горд на сите момци во тимот, изјави Хамилтон.
Британецот вчера го освои второто место. Тој со 148 бода се наоѓа на четвртото место во Генералниот пласман. Пред него се Макс Верстапен со 314, Серхио Перез со 189 и Фернандо Алонсо со 149 бодови.
Мерцедес е втор во поредокот за конструктори со 247 бодови зад лидерот Ред Бул кој има 503. Астон Мартин се трети со 196, Ферари имаат собрано 191, Мекларен го заокружува топ 5 пласманот со 103.
Ново на Сител
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран
-
Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра
-
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати