Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
Хамас изрази подготвеност да ослободи 34 заложници кои ги држи во Појасот Газа, како „прв чекор“ од договор за прекин на огнот со Израел.
Сепак, израелските власти изјавија дека сè уште не добиле список од палестинското исламистичко движење.
Претставник на Хамас изјави дека групата од 34 заложници вклучува „жени, болни лица, деца и постари“ меѓу израелските заложници.
Тој додаде дека на Хамас ќе им биде потребна една недела за да воспостават контакт со сите киднапери и да утврдат кои од заложниците се живи.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку својата канцеларија соопшти дека, спротивно на наводите, Хамас сè уште не доставил список со заложници.
Индиректните преговори меѓу двете страни продолжија викендов во Доха, Катар, кој посредува заедно со Египет и САД за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Во меѓувреме, израелските напади во Појасот Газа вчера убија најмалку 23 лица, а израелската војска уби палестински тинејџер при операција на окупираниот Западен Брег.
Ново на Сител
-
ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата - близначиња и стручен надзор во прилепската болница
-
„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“
-
Путин повторно го именува Игор Краснов за главен обвинител на Русија
-
Одбележани 24 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски
-
Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање
-
Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот