Гвардиола повторно незадоволен од ВАР
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше бесен по ремито 2-2 со Тотенхем. Менторот имаше сериозни забелешки кон системот ВАР, откако голот на Габриел Жесус беше поништен за дополнителното време по интервенцијата на помошните судии. Повторувањата покажаа дека Аимерик Лапорт ја допрел топката со рака.
– Треба да го подобрат овој систем. Во моментов, одлуките на судијата за време на натпреварот не се целосно јасни. Како тоа на натпреварот со Челзи, играта на Кристенсен не беше игра со рака, но денес Лапорт игра со рака? Овие работи треба да бидат разјаснети. Зошто на Фернандо Љоренте не му беше досудена игра за рака во 1/4-финалето во ЛШ минатата сезона, и сега му се суди? Во еден случај тоа е повреда, а во друг случај не. Слична работа видовме минатата недела против Вулверхемптон, исто така против Челзи во средата. Покрај тоа, голманот Адријан не беше на линија при изведувањето на пеналите, рече Гвардиола.
Менторот, исто така, праша зошто не беше суден пенал пред паузата кога Ерик Ламела го задржа со раце Родри во шеснаесетникот.
– Тоа е пенал. Родри беше фаулиран, но во тој момент ВАР очигледно пие кафе. Овие ситуации мора внимателно да се следат. Но, видовме како се свиреше во натпреварот. Прашајте го ВАР, прашајте ги големите шефови во Лондон зошто се случуваат вакви работи? Запомнете што се случи во Лигата на шампионите во последната минута на голот на Стерлинг. Денес беше исто. Тешко е затоа што игравме добро и постигнавме убав гол на крајот. Тие ни дадоа гол со првото поминување на центарот, а потоа и од статичка позиција. Тотенхем е вториот најдобар тим во Европа, но покажавме одлична игра. Тоа е еден од нашите најсилни натпревари од кога сум овде, додаде Шпанецот.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата