Гвардиола: Халанд ќе биде подготвен за четвртфиналето со Баерн
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска дека норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд ќе биде подготвен за натпреварите против минхенски Баерн во рамки на четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Напаѓачот на Манчестер сити ги повреди препоните на тренинг на норвешката репрезентација и ги пропушти двата воведни дуели во квалификациите за ЕУРО2024 против Шпанија и Грузија.
Гвардиола најави дека Халанд, најверојатно, ќе се врати во составот на Манчестер сити на следниот премиерлигашки натпревар против Саутемптон.
Ерлинг е сè подобар, се чувствуваше подобро во споредба со последните неколку денови. Ни преостануваат уште пет денови до дуелот против Саутемптон, па се надеваме дека ќе продолжи да ни помага како и досега“, рече Гвардиола.
Првиот натпревар од четвртфиналето меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен ќе се игра на 11 април во Англија, а реваншот е по осум денови.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш