Гвардиола е уверен дека Сити ќе учествува во Лигата на шампионите следната година
Пеп Гвардиола е уверен дека Манчестер Сити ќе ја добие жалбата против двегодишната забрана пред европските клупски турнири.
„Граѓаните“ ја чекаат одлуката на Спортскиот арбитражен суд (КАС) на 13 јули. Клубот е исфрлен од Европа за две години од страна на УЕФА во февруари, откако беше прогласен за виновен за кршење на правилата на финансискиот фер-плеј.
Нивниот случај беше разгледан од АС минатиот месец, но одлуката беше одложена до средината на јули.
– Ние сме подготвени. Имам голема самодоверба и доверба во луѓето на кои ќе им биде дозволено да играат во ЛШ, затоа што сакаме да учествуваме на турнирот во наредните сезони. На 13 јули ќе ја разбереме одлуката, се надевам, за клубот, сите вработени, играчи и персоналот – да продолжиме да се развиваме како клуб во наредните сезони, изјави Шпанецот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест