Свет
17. July 2019 - 12:07

Гувернерот на Рио: Наркодилерите се терористи, убивајте ги со снајпери

Ултрадесничарскиот гувернер на бразилската држава Рио де Жанеиро, Вилсон Викел ги спореди нарко дилерите со терористи и нацисти и порача полицијата да ги убива со снајпери од хеликоптер.

Како што пренесуваат светските агенции, Викел стана гувернер благодарение на својата остра реторика и сојузништвото со претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро.

На прашањето дали ќе стане претседател, Викел одговори дека не се сомнева во тоа, иако не кажа кога ќе се кандидира.

Откако тој е на позицијата гувернер од 1 јануари, во Рио де Жанеиро е намалена стапката на убиства. Регистрирани се 25 отсто помалку убиства отколку во истиот период минатата година. Меѓутоа, речиси за една петтина е зголемен бројот на користење смртоносна сила од страна на полицијата.

Критичарите на Викел велат дека неговата реторика ги охрабрила полицајците да убиваат.

– Никој не сака да ги убива бандитите. Сакаме да ги уапсиме. Меѓутоа, мора да знаат дека доаѓаме сурово. Кога ќе дојдеме или се предаваат или умираат, рече Викел.