Гутереш: Се надевам дека пандемијата на некои ќе им биде повик за будење
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, синоќа изјави дека „на денешниот мултилатерализам му недостасува широчина, амбиција и заби“ и повика на размислување за нова форма на соработка меѓу државите.
Зборувајќи пред денешната 75-годишнина од усвојувањето на Повелбата на Обединетите нации, Гутереш кажа дека на светот му треба „ефикасен мултилатерализам, што може да функционира како инструмент на глобалното управување, таму каде што е потребно“.
-Тешко е да се има смислена трансформација на механизмите за глобално управување без активно учество на светските сили и, јас ќе бидам искрен, нивните односи никогаш не биле толку дисфункционални како што се денеска, изјави Гутереш на прес-конференција во ОН, мислејќи пред се на американско-руските и американско-кинеските односи во тој контекст.
Генералниот секретар на ОН посочи на неодамнешните „тешкотии“ или поделби со кои се соочи Советот за безбедност.
Одговорот на Советот за безбедност на ОН на пандемијата е парализиран од конфликтот меѓу Вашингтон и Пекинг.
Гутереш кажа дека се надева дека самитот на петте постојани членки на Советот за безбедност – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД – ќе се одржи пред септември.
Тој, исто така, кажа и дека се надева оти пандемијата ќе биде „повик за будење“ за државите да ја разберат потребата за единство и реформи.
Повелбата на Обединетите нации беше потпишана на 26 јуни 1945 година во Сан Франциско и стапи во сила во октомври истата година.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата