Гутереш ќе учествува во преговорите за Кипар
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска се враќа во Кран Монтана, каде ќе присуствува на преговорите за решавање на прашањето за Кипар.
На денешните преговори нема да учествуваат премиерите на трите земји гарантори - Грција, Турција и Велика Британија.
- Грција се залага за изнаоѓање на праведно и одржливо решение за кипарскиот проблем врз основа на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, како и во својство на Република Кипар како земја-членка на Европска унија. Решението за Кипар ќе биде праведно и одржливо без режим на гаранци за островот и без присуство на окупаторски војски, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во телефонскиот разговар со турскиот колега Бинали Јилдирим.
Новиот круг преговори за повторно обединување на поделениот остров почнаа на 28 јуни во шбајцарското одморалиште Кран Монтана во присуство на претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканчи.
Ново на Сител
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани