Гутереш: Иран ги почитува обврските од нуклеарниот договор
Иран во целост го спроведува меѓународниот договор од 2015 година за неговата нуклеарна програма, се наведува во извештајот на генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, доставен до Советот за безбедност.
Во извештајот не постои одговор на прашањето дали биле ирански ракетите, истрелани против Саудиска Арабија од страна на бунтовниците Хути во Јемен.
- Тој Договор е најдобар начин да се обезбеди дека иранската нуклеарна програма е само за мирољубиви цели. Неодамнешното одбивање на претседателот на САД Доналд Трамп да потврди дека Иран ги почитува обврските од нуклеарниот договор, за жал создаде значителен сомнеж за иднината на овој договор, склучен меѓу Иран и шестте големи сили - САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија, наведе Гутереш
Тој, исто така, ја нагласи досегашната заложба на САД да се почитува Договорот.
Трамп ја префрли одговорноста на Конгресот, кој треба да одлучи дали да воведе санкции на Иран. Секое наметнување на санкции ќе ја загрози иднината на Договорот.
Во извештајот, Гутереш повторно изразува незадоволство што иранскиот генерал Гасем Сулејмани, командант на силите на Иранската револуционерна гарда за операции во странство, ја крши забраната на ОН за слободно движење и продолжува да се движи во Ирак и во Сирија
Извештајот, кој ќе биде разгледуван во Советот за безбедност на 18 декември.
Ново на Сител
-
По изготвување на Буџетот повисоки плати во образованието и здравството
-
Мицкоски: Нема да дозволам ултиматуми додека јас ја водам македонската Влада
-
Релаксирање на односите со соседите
-
Таравари: Уставниот суд избрза, спремавме Закон за правична застапеност
-
Општините го чекаат последниот ден за доставување на целосни документации за финансирање на проекти со кредитот од Унгарија
-
ЗНМ: Тужби кои се злоупотребуваат за цензура се најголем предизвик за новинарите
-
Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот