Гутереш бара поголема флексибилност при управувањето со ОН
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара поголема флексибилност при управувањето со Светската организација.
Гутереш повика ОН да има годишен, а не двегодишен буџет, како што е во моментов.
- Неопходно е да се поедностави планирањето на буџетот, рече тој на состанок посветен на проектите за реформа на Светската организација и нивното финансиско влијание.
Гутереш побара поголеми овластувања за да може да прераспредели до 20 проценти од средствата во стратешките области, како што се мирот и безбедноста, развојот и администрирањето на ОН.
Буџетот за функционирањето на ОН е 5,4 милијарди долари, а за мировните операции 7,3 милијарди долари.
Некои земји се скептични во врска со предлозите на Гутереш, додека Русија е сосема против менувањето на годишниот буџет. Според критичарите, поголема флексибилност би значела помала контрола.
Генералното собрание на ОН до крајот на годинава треба да го добри буџетот на Организацијата за 2018-2019 година. Ако бидат усвоени реформите кои ги предлага Гутереш, тие ќе влезат во сила од 2020 година.
Ново на Сител
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години
-
Руските специјални сили пробија гасовод во обид да ги изненадат украинските сили
-
Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор
-
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен