Грујевски и Бошковски побарале азил во Грција
- Денешното рочиште во судот во Солун на кое требаше да се појават поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски, е одложено за 17 мај 2018 поради тоа што еден од обвинетите од групата мигранти, во кои се и двајцата бегалци од Македонија, не бил уредно поканет од страна на судот, потврди за МИА нивниот адвокат Петар Василев.
Василев потврдува и дека Грујевски и Бошковски поднеле барање за политички азил во Грција.
По Грујевски и Бошковски македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, а грчките власти ги товарат за поседување лажни патни исправи.
Тие претходно два пати беа изведени пред Судот во Солун, но рочиштата беа одлагани бидејќи грчкиот суд не можеше да обезбеди преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.
Грујевски и Бошковски беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Македонските власти на 6 номври ја доставија документацијата за нивна екстрадиција од Грција.
На 13 декември Солунскиот суд треба да одлучи дали ќе го прифати барањето тие да бидат екстрадирани во Македонија.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во Солун.
Ново на Сител
-
Во Маврови Анови измерени - 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег
-
Намалена видливост поради магла на патот Тетово-Гајре, Стража и Плетвар
-
Честитка од Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј до архиепископот на МПЦ - ОА г.г. Стефан по повод неговиот именден
-
Рашфорд се враќа во тимот на Манчестер Јунајтед за дуелот со Арсенал
-
Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите
-
Судот за спортска арбитража во април ќе ја разгледа жалбата на ВАДА за Синер
-
Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
-
Еден допир со топката на Нејмар го чини Ал-Хилал над милион евра