Груевски се сретна со пратеникот од британскиот парламент Марк Причард
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со пратеникот од британскиот парламент Марк Причард, кој доаѓа од Конзервативната партија.
Соговорниците, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, разговарале за повеќе теми врзани со актуелната политичка криза, начините и модалитетите за нејзиното надминување, за прашањата поврзани со состојбата на мигрантите, како и евро-атланските интеграции на државата.
Груевски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон разгледување на различните решенија и можности кои ќе придонесат за надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и остварувањето на позитивни економски резултати.
Соговорниците се согласиле дека потребна е стабилност, која е предуслов за остварување на прогрес во сферите кои што се во интерес и на државата и на граѓаните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека стратешки интерес на државата останува членството во ЕУ и НАТО, при што се превземаат сите неопходни мерки поврзани со акцискиот план и извештајот на Прибе.
Во однос на мигрантската криза, Груевски истакнал дека Република Македонија го дава својот придонес во надминување на предизвиците, додека решенијата треба да бидат плод на заеднички ангажман на државите кои што чувствуваат влијанието на кризата.
Британскиот парламентарец Причард нагласил дека ја дава својата поддршка за враќање на стабилноста која што ќе ја врати државата на старите патеки на економскиот раст и продолжување на одличните економски достигнувања на Владата на Република Македонија.
Причард во однос на работата на СЈО истакнал дека нејзините активности треба да бидат базирани на докази, а не врз основа на тврдења кои кружат во јавноста.
Во однос на мигрантската криза, британскиот парламентарец изразил благодарност до државата за сите преземени активности во поглед на надминување на актуелните предизвици, посочувајќи дека таквиот ангажман претставува огромна помош во надминување на предизвиците.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци