Груевски промовираше седум нови мегапроекти за младите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска промовираше уште нови седум мерки за младите кои, како што рече, ќе значат подобрување и унапредување на нивната положба, подобри услови и сигурна иднина.
Првиот проект е „Еден клик“, кој ќе овозможи поедноставување на процедурите и постапките во однос на административните обврски на студентот кон факултетот.
Вториот проект е „Промена на студентскиот статус“, со кој на студентите кои се запишале на државните универзитети со кофинансирање ќе им се овозможи да им се намали партиципацијата, учеството за 50 отсто доколку го постигнат планираниот просек, со што ќе заштедат половина од сумата за студирање.
Третиот проект кој го најави Груевски е организирање саем на средношколски иновации и останатите четири проекти: изградба на отворен пливачки базен во општина Шуто Оризари, нова спортска сала за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, и две сали во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје - затворена тениска арена и гимнастичка сала.
- Денешниот настан е за она што е препознатливо за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „За подобра Македонија“ и она што го очекуваат граѓаните, работа и нови проекти. Македонија нема време за губење и ние целиот наш капацитет, способност, знаење, креативност и цело наше време го насочување кон креирање, реализирање проекти, исполнување на ветувањата кои ги даваме, истакна Груевски.
Заедно со денешните, во изминатите два месеца беа промовирани вкупно 27 проекти за младите во Македонија.
Ново на Сител
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата