Груевски промовира нови седум мерки за младите
Седум нови мерки и проекти за младите од различни области најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред членовите на Унијата на млади сили.
Со првиот проект е предвидено да се намали партиципацијата за 50 проценти за студенти од самохрани и еднородителски семејства, по што следат проекти за основање и отворање на национална математичка гимназија во Скопје, за стимулација за упис на техничките факултети, за изградба на нов современ конгресен центар во Охрид. Со проектите е предвидено и изградба на нов отворен базен во рамките СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, возобновување на објектот на некогашната учителска школа во Скопје, како и изградба на современи бини за настани и манифестации на шест плоштади во Скопје.
Според Груевски, станува збор за седум значајни проекти за младите кои се доказ за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон создавање дела и нивниот влог за подобар живот на младите.
Со претходните проекти кои ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Груевски, за околу два месеци понуди 34 проекти за млади.
- Тоа се 34 различни проекти прецизно обмислени со конкретни рокови и динамика на реализација, 34 проекти зад коишто стои нашиот труд и нашата визија за младиот човек, рече Груевски.
Ново на Сител
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови