Груевски: Околу 1.000 социјални станови за лица од ранливи категории
Продолжува проектот Изградба на социјални станови, најави денека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој рече дека досега се изградени и предадени 680, 123 се во градба и дека наредниот месец и на почетокот на следната година ќе отпочне градба на нови социјални згради во различни места во Република Македонија.
- Кога станува збор за изградбата на социјални станови можам да кажам дека во изминатите години имавме голем прогрес во однос на нивната изградба и нивно доделување на граѓани од најранливите категории. Изградени се 680 социјални станови кои се предадени на граѓаните. Значи, 680 семејства во изминатите години добија станови, односно станови за лица од ранливи категории, 123 се во фаза на градба во неколку населени места, а во Гостивар во следните неколку месеци треба да започне градба и со таа бројка ќе се стигне до 800 станови, рече Груевски.
За почетокот на наредната година тој најави изградба на социјални станови во четири други градови во Македонија.
- Бројката со изградбата на социјални стнаови во тие четири градови ќе достигне приближно 1.000 изградени социјални станови за лица од ранливи категории, лица приматели на социјална помош, лица коишто на никаков поинаков начин не можат да дојдат до стан, рече Груевски кој денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија