Груевски и Заев на средба кај Иванов - еве за што зборувале
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ноќеска во неговиот кабинет одржа средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тема на разговор, како што соопшти кабинетот на Иванов, беа актуелните случувања и можните решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните.
– Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, стои во соопштението.
Но освен протоколарното соопштение од кабинетот на Претседателот, некои подетални информации до овој момент не може да се добијат. Молчат партиските брифери и од двата табора, а информации не споделуваат ниту од претседателскиот кабинет.
Средбата се одржа по вчерашното приведување на 36 лица за насилставата во Собранието на 27 април. Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата
Ново на Сител
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?