Груевски: Две американски компании ќе објават инвестиции во Македонија во ноември
За следниот месец, премиерот Груевски најави две големи странски инвестиции.
- Во ноември две американски компании планираат да ја официјализираат нивната инвестиција во Македонија. Официјално тоа ќе го направат во ноември, едната ќе вработи дополнителни 500 луѓе, а втората ќе отвори 1.500 нови работни места. Засгеа толку можам да кажам за нив. Ова се сигурни инвестиции, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека не смее да дава повеќе информации, дека инвеститорите ќе информираат за детали, почитувајќи го деловното право, но додаде дека нивните политики даваат резултати.
-Јас зборувам за она што веќе е реализирано и затоа зборувам и за она што ќе се случи. А во СДСМ критикуваат оние кои во нивно време се водеа неуспешни политики. Нашите резултати се видливи со голо око. Само да се отиде до Бунарџик ќе се види дека има бројни фабрики, а бројни се и слободните зони низ цела земја, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место